Прес-конференција на СДСМ, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Процесот на масовна вакцинација тече непречено и без проблеми, со доволно обезбедени дози на вакцини.
Од денеска секој граѓанин, без разлика дали има закажан термин или не, може да се вакцинира во некој од здравствените домови.
Истовремено, започна и процесот на теренска вакцинација во руралните средини. Од денеска жителите на руралните населени места ќе бидат посетувани од мобилни здравствени екипи кои ќе вршат имунизација на населението.
Процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здравствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници, а заинтересираноста на граѓаните во првиот ден од теренската вакцинација е исклучително голема.
Од почетокот на вакцинацијата па се до 9 јули, вкупно се аплицирани 662.372 дози вакцини, а ревакцинирани се 245.231 граѓани.
53% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, а 50 % од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.
Епидемилошката состојба е мирна, имаме доволно вакцини, односно создадени се идеални услови да се вакцинираат што поголем број на граѓани.
Сите вакцини се безбедни и овозможуваат заштита од последиците од коронавирусот.
Апелираме до сите граѓани кои не се вакцинирани, тоа да го направат што поскоро, само на тој начин ќе го заштитиме своето и јавното здравје и ќе ставиме конечен крај на пандемијата со коронавирус.
Како одговорна партија продолжуваме со конкретни чекори кои го штитат јавното здравје и го унапредуваат здравствениот систем.
Благодарам