„Министерството за труд и социјална политика до крајот на годината ќе пушти во употреба 10 нови градинки за подобар воспитно-згрижувачки процес за најмалите во повеќе општини во државата“, изјави министерката Јагода Шахпаска од Берово каде изврши увид во финалните градежни работи на новите четири простории во градинката „23 Август“.
Таа информираше дека претходно се изградени или реконструирани 15 градинки со што бројката до крајот на годината ќе изнесува 25 градинки и ги повика општинските власти да аплицираат за ваквите проекти и во 2022 година.