Новата учебна година започнува со измените и модернизацијата на учебниците и образованието. Со последните измени, учебниците ќе бидат поинклузивни, ќе го јакнат натпреварувачкиот дух и се во функција на остварување на повисоки постигнувања на учениците.
Приодот на учебниците ќе биде истражувачки и ќе ја стимулира љубопитноста на учениците. Со воведувањето на дигиталните учебници, учениците во четврто одделение материјата ќе може да ја следат со мултимедијални содржи и аудија.
Освен новите дигитални учебници, за прв пат министерството за образование подготви и учебници со браево писмо. Овие учебници ќе бидат дистрибуирани заедно со регуларните учебници за учениците со пречки во видот.
Од МОН потврдија дека сите учебници за почетокот на учебната година се подготвени, набавени и навремено ќе бидат дистрибуирани до учениците. Министерката Мила Царовска исто така потенцираше дека подготвени се и апликациите за дигиталните учебници, од каде учениците ќе може да ги симнат потребните материјали.
„Училиштата веќе имаат добиено и таблети за учениците од социјалноранливите семејство, а министерството испечати и 20 проценти од потребните учебници за четврто одделение за учениците и училиштата каде што нема можност да се користат дигиталните учебници“, потенцираше министерката Царовска.