fbpx

Заштита на скопскиот бисер – Владата го прогласи Водно за заштитено подрачје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Со цел зачувување на автентичната состојба на природата преку заштита на природните и други вредности Владата прогласи дел од Водно за заштитено подрачје. На овој начин, омиленото место за Скопјани за рекреација добива дополнителна заштита. Со оваа одлука се спречуваат дејствија што може непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на природната рамнотежа на екосистемите.

Со прогласувањето на Водно како заштитено подрачје од петта категорија ќе се зачуваат и унапредат биолошката и пределската разновидност и природното наследство. Ќе се регулира одржливото користење на природните резурси на начин кој не го загрозува опстанокот на видовите и нивната природна рамнотежа.

Владата најави дека останува отворена и за дебата и сугестии во однос на предлогот за носење на специјален закон (lex specialis) за Водно, како можност за дополнотелно унапредување на заштитата на овој скопски бисер.

Последни вести