Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ партијата на браникот на криминалот, нема капацитет да сфати дека со реформите во правосудството, судството е ослободено е од какви било влијанија на извршната власт, а органите на прогонот постапуваат неселективно, без разлика за кого станува збор.
Денес, правдата е достапна за секого, а пред законите сите се еднакви.
Тоа, меѓу другото, го потврдуваат Извештаите на Стејт департментот и Европската комисија, кои наведуваат дека по низа години заробена држава реформите во судството се видливи.
И додека половина партија им е по судови, а дел избега од државата ВМРО-ДПМНЕ без ни малку срам зборува за правда.
Тоа се истите луѓе што 11 години ја практикуваа правдата со уцени и закани, поставување судии од тефтерчето, нарачка на пресуди по телефон, измислени сведоци, го претворија МВР во подружница на Белиот дворец.
Истиот тој Кичеец за кого зборуваат е потврден соработник и слуга на Христијан Мицкоски, целата јавност имаше можност да чуе како Мицкоски договара соработка и бара услуги од него, сега тој е во затвор, додека за Бојан Јовановски беше донесена пресуда во брза и ефикасна судска постапка што е едноставно незамисливо за оние кои со години држеа судството целосно заробено.
Ништо не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е заштитник на криминалот и корупцијата, а СДСМ е посветена на обезбедување бескомпримисна правда за сите.