fbpx

Димитриевски: За Тетово го имаме Најдоброто, проекти кои го унапредуваат квалитетот на живот на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Тетово мора да биде град кој ќе биде препознатлив по својот автентичен идентитет, ова опфаќа донесување на мораториум за висококатници во централното градско подрачје и посебна грижа за стариот дел на Тетово, порача вечерва носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата Илија Димитриевски.

„Општина Тетово, ќе се фокусира и во развој на секторот на локален економски развој, кој е во склоп на општинската администрација. Зголемување на капацитетите на секторот, обука и доедукација на човечките ресурси. Тоа ќе овозможи активно следење и аплицирање на нови проекти, што директно резултираат со враќање на капиталот во нашата заедница. Тетово е слика на мултикултурализмот во нашата земја. Како град на еснаф луѓе, потребна е грижа од страна на локалната самоуправа. Наше Тетово, мора да биде тука за секој граѓанин, и секој граѓанин да биде Тетово. Само така можеме против секоја поделба! Нашата намера не е само да се подобриме, туку да го понудиме најдоброто и најдоброто да го реализираме во Тетово“ истакна Димитеиевски.

Пред присутните, Димитриевски побара поддршка за советничката листа и за кандидатот за градоначалник Хамдија Елезовиќ, бидејќи тие го носат Најдоброто за Тетово и секое населено место.

„Имаме големи предизвици пред нас, развој на инфраструктурата, развивање на транспарентна општинска администрација, квалитетни комунални претпријатија и квалитетни локални јавни установи за образование и култура. Затоа го нудиме најдоброто, најдобрата програма со јасен план за развој на општина тетово, со која во наредните четири години реализираме проекти кои ни се приоритети. Овие луѓе, со Ваша поддршка, во четиригодишниот советнички мандат, ќе реализираат проекти за развииен и успешен град. Затоа на 17 октомври да гласаме за број 12 за СДСМ и Коалицијата Најдоброто за нашата општина“ повика Димитриевски.

Последни вести