fbpx

Заев: Повторно сме на прво место по транспарентност во регинот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Македонската Влада е најтранспаретна во регионот, а Северна Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан. Според наодите од истражувањето на Индексот на отвореност 2020, Владата на Северна Македонија е на прво место во регионот, исполнувајќи 83,43%од индикаторите, а потоа следуваат Црна Гора (59,46%), Босна и Херцеговина (57,28%) и Србија (48,92%). На конференцијата „Отвореност на извршната власт“, Владата на Северна Македонија беше посочена како светол пример кој и останатите држави треба да го следат.

„Претходните се криеа, а сега се е јавно. А, кога се е јавно, корупцијата не се исплати. Исправните политики на отвореност се потврдени, повторно сме на прво место по отвореност и транспарентност во регионот“, објави на својот фејсбук профил, премиерот Зоран Заев, кој воедно потсети: „Владата на Груевски донесе заробена држава, последна по транспарентност во 2016 во регионот. Со политичка волја, со одлучност и посветена работа и одговорност еве не веќе неколку години на првото место, посочени како единствениот позитивен пример во регионот“.

Освен што македонската Влада беше потврдена како најтранспарентна во регионот, неодамнешно истражување покажа дека и државата е најбезбедна на Западен Балкан.

Според Глобалниот индекс за мир кој рангира 163 земји, Северна Македонија има петти најголем раст, со скок за дури 11 индексни поени, што ја позиционира на 40-то место во светски рамки.

Северна Македонија најголем напредок има кај индексот за внатрешен конфликт, кој сега е на најниско ниво од 2016 година, а тоа се должи на решавањето на спорот со Грција и Преспанскиот договор, се вели во заклучоците на Извештајот.

„Горди сме што повторно сме на прво место по отвореност и транспарентност во регионот. Да се биде на последно место во 2016 година, да се стигне до првото место и да се задржи првото место три години по ред, значи волја, одлучност, посветена работа и одговорност. Оваа Влада покажа високо ниво на политичка волја да ги отвори институциите“, истакна Националниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец.

Последни вести