fbpx

Лукаревска во Неготино: Социјалдемократскиот сојуз има решенија за подобра живеачка за сите, неготинчани, после 39 години имаат нова детска градинка, ја имаат првата зграда за социјално домување, се инвестира во сите населени места

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

“Со поддршка на Владата исправивме повеќедецениска неправда. После 39 години Неготино има нова детска градинка, не само во Неготино, изградивме шеесет нови детски градинки во државата. Така се грижиме за децата, така го чуваме стандардот на семејствата, така се бориме за родова рамноправност, така градиме Едно општество за сите, со конкретни дела”, рече заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз Сања Лукаревска на трибината во Неготино.

“Изградена и првата социјална зграда, решен е проблемот на домување на 64 семејства, се грижиме за луѓето во социјален ризик, за секој човек. Луѓето, тоа е највредниот ресурс на оваа држава, тоа сте вие, лозарите, винарите, работниците, службениците, младите. Се реконструираше и оваа прекрасна спортска сала Младост, се инвестира во сите населени места, ќе се градат секундарна мрежа за снабдување со гас, велосипедски патеки, патеки за непречено движење на лицата со попреченост, се создаваат услови за вински туризам.

Социјалдемократскиот сојуз има решенија за подобар живот за сите, за побрз и модерен развој на општините и на државата, за благосостојба, за младите да работат и да живеат овде”.

Затоа, гласајте за бројот 12, за кандидатот за градоначалник Тони Делков и за листата на советници предводена од Лазар Најдов Чолак, за Најдоброто за Неготино!

Последни вести