fbpx

Арсовска продолжува проекти на претходниот градоначалник, нема реализирано ниту еден свој

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми на Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Во првите два и пол месеци од мандатот, Данела Арсовска нема ниту еден проект во интерес на граѓаните на Град Скопје.

Нејзината најава дека ќе реконструира булевари и улици во градот, всушност е продолжување на проект на претходната градска администрација.

Речиси за сите улици и булевари кои ќе се реконструираат веќе се изготвени проектни документации од претходното раководство, а за улицата „Радишанска“ избран е и изведувач на градежните работи.

Добро е што Арсовска ги продолжува проектите на претходниот градоначалник и ја охрабруваме исто вака да постапи и со проектот Бас рапид Транзит кој го прекина иако за него средствата веќе беа обезбедени.

Данела Арсовска нема реализирано ниту еден свој проект а веќе наближуваат 82 дена од мандатот, период во кој таа ветуваше дека ќе реализира 15 проекти.

Се што видоа граѓаните на Скопје од Арсовска во овој период е неработење, прекинување проекти, партизација на администрацијата и бегање од одговорност.

Тоа е нечесен и неодговорен однос кон граѓаните кои и дадоа доверба на Арсовска.

Арсовска треба да решава проблеми и да реализира проекти, а не да бара оправдувања за неработењето и да се иззема од одговорност.

Последни вести