fbpx

Мицкоски вчера се силеше а денес молк, зошто не ги постави прашањата за кои ги тераше новинарите да го прашаат Петков?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Исплива на површина уште едно лицемерие на Христијан Мицкоски.

Откако вчера се силеше, јавно повикуваше новинари да му постават прашања на Петков, вечерва од Мицкоски молк.

Зошто Мицкоски не ги поставил прашањата кои вчера ги нарачуваше од новинарите?

Неодговорно е едно да се зборува пред камери а друго на средби.

Ова не му е прв пат на Мицкоски, истото се случи и на средбата со поранешниот премиер на соседна Бугарија, Бојко Борисов.

Мицкоски уште еднаш покажа дека е политичар без став за важните државни и национални теми.

Последни вести