fbpx

Каевски за „Само вистина“: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лицемерно делување, Мицкоски продолжува да ги крши ковид протоколите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеникот на СДСМ Дарко Каевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, истакна дека опозицијата секојдневно сака да изнуди избори, се со цел да го прикрие неработењето, лошото работење на градоначалниците, кои ветија многу, а за 100 дена не направија ништо и се обидува да направи паника кај граѓаните, преку лицемерно дејствување да добие ситен политички поен.

Кога започна енергетската криза, дури и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој што се нарекува експерт во тој дел, а знаеме како тој раководеше со ЕЛЕМ и колку плаќавме струја тогаш, велеше дека струјата ќе поскапи 40% , опозицијата ширеше паника кај граѓаните, истакна Каевски

Пратеникот Каевски нагласи дека зголемувањето на цената на електричната енергија не надмина 10 отсто , цените на основните продукти се замрзнати, а стапката на невработеност, дури и во време на криза падна на 15,7 отсто од 27 отсто , колку што беше во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред некој велеа дека треба да се продолжи зимскиот распуст, бараа онлајн настава а завчера, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на некои партиски средби или слави се весели во збиени редови, го нарушува здравјето на граѓаните, а тоа не го правеше само сега, туку и кога започна здравствената криза истото го правеше и во фитнес центрите, нагласи Каевски,

Тој потенцираше дека тоа е тоа лицемерното делување на ВМРО-ДПМНЕ критикува да добие некој политички поен, а од друга страна не само што не го почитува туку и прекршува каде стигне.

Последни вести