Соопштение за јавност – реакција на прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да конструира наводни скандали во обид да го прикрие неработењето на своите градоначалници и деструктивното дејствување во Собранието.
Повторените лаги за јавни набавки на МВР кои се одвивале согласно законите, јавно и транспарентно не можат да го оттргнат фокусот на јавноста од штетите што ги прави опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Самиот факт што ниту една компанија не поднела жалба или барање за поништување доволно зборува за законитоста на набавките.
ВМРО-ДПМНЕ или блокира или шири лажни вести, тоа е се што оваа партија им нуди на граѓаните, нема предлози, нема идеи, нема решенија, само лаги и измислици