fbpx

Пченица има повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога немаше криза, граѓаните да бидат спокојни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Трајан Диковски, член на Комисија за земјоделие на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Сакаме уште еднаш да упатиме пораки до граѓаните да бидат спокојни.

Пченица има доволно и снабдувањето е во најдобар ред, а што е можеби и поважно домашното производство е зголемено.

Тоа се должи на успешните земјоделски политики на СДСМ во изминатите години.

Сите лажни вести и дезинформации на ВМРО-ДПМНЕ, преку кои се обидуваат да ја вознемируваат јавноста паднаа во вода.

Во последните години не само што производството на пченица не е намалено, тоа е и значително зголемено во споредба со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога немало криза.

Ако пред пет години, во 2017 година, домашното прозиводство на пченица било 195.888 тони, тоа во 2021 година изнесувало 253.674 тони.

Тоа се 50.000 тони повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ, домашна произведена пченица во време на пандемија, енергетска криза и сл.

Дополнителнон со растот на домашното производство се намалува количината на увоз на пченица кој денес е за речиси 13.000 тони понизок во однос на 2017 година.

Месо исто така има доволно, Владата и надлежните институции предводени од СДСМ преземаат мерки за унапредување на домашното производство на месо.

Во таа насока е и вчерашниот договор со претставници на здруженијата за дополнителна финансиска помош за одгледувачите на свињи, како и поддршка за сточарите, со што ќе се спречи поскапување на цената на месото.

Како одговорна партија продолжуваме да носиме и реализираме мерки кои се во интерес на земјоделците.

Во време на глобална криза, особено важно е да го поддржиме домашното земјоделство кое е една од нашите клучни стопански гранки.

 

Последни вести