fbpx

Градоначалникот Стефковски троши 200.000 евра за партиски вработувања, а нема реализирано ниту еден свој проект

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не реализираат ниту еден проект кој го ветуваа пред граѓаните, но затоа се силно посветени на расипништво и партизација на општините.

Нема ден а во јавноста да не се појави нов случај на крчмење на општинските буџети на партиски вработувања и непродуктивни трошоци од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Последен случај е градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски кој ќе потроши 12,2 милиони денари или неверојатни 200.000 евра за привремени вработувања во општината.

Дополнително на ова, Стефковски ќе потроши и 200.000 денари или над 3.000 евра за набавка на топли напитоци.

Во време на криза, кога градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се жалат дека немаат пари и најавуваат некаква радикализација, Стефковски троши над 200.000 евра за вдомување на партиски кадри.

Тоа е дури двојно повеќе од градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој за вдомување на партиски кадри ќе потроши 100.000 евра.

Во време на криза, наместо инвестиции во развојни проекти, наместо за помош на граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ водејќи се по начелото на Зоран Ставревски „трошиме на чоколадо а немаме за леб“ немилосрдно ги трошат општинските пари.

ВМРО-ДПМНЕ не е поместена ниту милиметар од режимската матрица, тоа е партија симбол за расипништво, партизација на институциите и дејствување против граѓаните.

Последни вести