fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е симбол на расипништво, Мицкоски молчи за аздисувањето со народните пари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ е пример на расипничко и криминално трошење на народните пари, со милијарди потрошени за криминални проекти, лажен барок, жални врби, кристални лустери, вртелешки и низа други непродуктивни работи.

Христијан Мицкоси глуми загриженост за економскиот стандард на граѓаните, а во реалноста неговите градоначалници, во време на криза крчмат општински буџети на партиски вработувања и аздисување.

Ако толки се грижи за граѓаните Мицкоски, да побара од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ парите од општинските буџети кои ги расфрлаат на партиски вработувања и расипнички набавки од стотици илјади евра, да ги пренаменат за потребите на граѓаните.

Може да почне со Орце Ѓорѓиевски и да му наложи да ги пренамени стоте илјади евра за авторски договори во Кисела Вода.

Данела Арсовска да пренамени 670.000 евра наменети за партиски вработувања, Тимчо Муцунски 38.000 евра од набавката за компјутери, Александар Стојковски да ги врати оние 6.000 евра за чоколади и бонбони во општинскиот буџет.

Само од споменатите неколку општини се доаѓа до сума од 800.000 илјади евра, ако се земе предвид дека ВМРО-ДПМНЕ е локална власт во голем дел од општините тоа се сериозни средства.

Наместо да молчи, Мицкоски има обврска да побара од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ во време на криза парите на народот да ги насочат кон помош на граѓаните.

Последни вести