fbpx

ВМРО-ДПМНЕ паријата симбол за расипништво двојно го зголеми јавниот долг, денес парите од Буџетот завршуваат кај граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за економија и управување со парите на граѓаните.

За време на режимското владеење, ВМРО-ДПМНЕ успеа двојно да го зголеми јавниот долг, државата и граѓаните да ги презадолжи за споменици, палми, гипс – картон фасади и криминални тендери.

Додека државата се задолжуваше заради криминални зделки на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните тонеа во сиромаштија а платите и пензиите со години беа замрзнати.

За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ преку одговорно управување со финансиите обезбедува повеќе пари за граѓаните но и повеќе буџетски средства за реализација на важни капитални проекти.

Минималната плата денес е двојно поголема отколку пред четири и пол години, просечната плата е зголемена за над 6.000 денари, денес имаме повисока просечна пензија и следува рекордно зголемување на сите пензии, социјалната помош е зголемена за 300 отсто, додека бележиме рекордна исплата на субвенции за земјоделците.

Грижата на СДСМ за граѓаните се гледа и за време на оваа криза преку пакетот од 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра со кои се заштитува стандардот на граѓаните но им се помага и на компаниите да останат ликвидни и да ги задржат своите вработени.

Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за економијата и граѓаните најдобро покажува однесувањето на нивните градоначалници кои во време на криза трошат стотици илјади евра за вдомување партиски кадри и за непродуктивни трошоци.

Додека СДСМ се грижи за граѓаните, за стопанството, ВМРО-ДПМНЕ преку своите градоначалници расипнички ги троши парите на граѓаните, како што впрочем тоа го правеше цели 11 години на централно ниво.

Последни вести