fbpx

ВМРО-ДПМНЕ аздисува, Стефковски среде криза троши 200.000 евра за партиски вработувања

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека Христијан Мицкоси глуми загриженост за економскиот стандард на граѓаните градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ крчмат општински буџети за партиски вработувања и аздисување.

Јавноста секој ден сведочи нов случај на оштетување на општинските буџети за партизација на општините и непродуктивни трошоци.

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ќе потроши 12,2 милиони денари или 200.000 евра за привремени вработувања во општината.

Стефковски ќе потроши и 200.000 денари или над 3.000 евра за набавка на топли напитоци.

Во време кога градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се жалат дека немаат пари и најавуваат некаква радикализација, Стефковски троши над 200.000 евра за партизација, што е двојно повеќе од градоначалникот на Кисела Вода, Ѓорѓиевски кој за вдомување на партиски кадри ќе потроши 100.000 евра.

Наместо да инвестираат во развојни проекти, наместо парите да ги насочат кон помош на граѓаните, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ немилосрдно трошат општински пари.

ВМРО-ДПМНЕ останува симбол на расипничко и криминално трошење на народни пари, партизација и дејствување против граѓаните.

Последни вести