Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Почитувани граѓани,
Бараме од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат со расфрлањето со народните пари и предвидените 1,2 милиони евра за партиски вработувања да ги пренаменат за граѓаните.
Во време на најголема криза безобразно и крајно неодговорно е само 5 општини во Скопје градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да потрошат 1,2 милиони евра за партиски времени вработувања.
Особено кога истите градоначлници од опозицијата се жалат дека наводно немале доволно пари, не можеле да работат јавните претпријатија и слични изговори кои служат да се прикрие неспособноста и расипништвото.
Не се избрани градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да не работат ништо, да бараат пари од Владата, а општинските пари на граѓаните вака да ги расфрлаат на партиски вработувања, чоколади и бонбони.
Со 1,2 милиони евра може да им се помогне на ранливите граѓани во ова време на криза. Со 1,2 милиони евра може да се помогне на јавните претпријатија. Со 1.2 милиони евра може да се реализираат проекти во интерес на граѓаните во сите 5 скопски општини.
Така е одговорно, така е правилно во време на најголема криза.
Еве им шанса на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, да му кажат НЕ на Мицкоски и наместо расипнично и неодговорно однесување да покажат одговорност.
Нека го погледнат примерот на СДСМ.
Во ова време на светска економска криза Владата предводена од СДСМ презема мерки вредни 400 милиони евра за заштита на стандардот на граѓаните и на ликвидноста на компаниите.
Одговорно, институциите на централната власт се насочени кон заштеда на средства.
Додека СДСМ штеди и финансиски ги помага граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ги расфрла народните пари за партиски вработувања.
Доколку градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не ги пренасочат овие пари, ќе покажат уште еднаш дека ништо не е променето во оваа партија, дека тоа е старата режимска матрица.