Соопштение за јавност
Во време на најголема економска и енергетска криза, Владата предводена од СДСМ успешно ја менаџира кризата и успеа да ги ублажи последиците.
Со 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра го заштитивме стандардот на граѓаните и спречивме ценовен шок.
Ја стабилизираме цената на струјата, со помош на субвенционирање од страна на Владата, граѓаните плаќаат најниска цена на енергијата во регионот.
Цените ги одржуваме стабилни. Нема никаков застој во снабдувањата со храна, со гориво, гас, греење….
Финансиски ги поддржуваме и ранливите граѓани.
Ја покачивме минималната плата, двојно од времето на ВМРО-ДПМНЕ, на 18.000 денари.
Ги покачивме рекордно пензиите и воведовме дополнителна помош за секој пензионер.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2022 година, изнесува 29.839 денари. Тоа е покачување за околу 7.000 денари повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 22.000 денари.
Платите во образованието ги покачивме за 21% и повторно разговараме за нови покачувања на платите, во образованието но и во други сектори.
Со СДСМ граѓаните се сигурно, наместо за споменици, парите завршуваат назад кај граѓаните.