fbpx

СОНК да ги напушти уцените, децата да се вратат на училиште

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Интересот на децата и нивниот образовен процес треба на сите да ни бидат на прво место.

Ново губење часови, откако изминатите две години наставата се одвиваше во отежнати услови поради пандемијата е на штета на децата.

Особено голема штета може да им биде нанесена на илјадници матуранти, бидејќи се поблиску се роковите за полагање матура и завршен испит.

Апели за децата да се вратат во наставните клупи со право пристигнаа и од УНИЦЕФ и од Народниот правобранител.

Правото на образование е загарантирано со Уставот, исто како и правото на штрајк, но штрајкот не смее да биде на штета на децата, а учениците и нивните родители да се држат во неизвесност.

Неопходно е раководството на СОНК да го прекине штрајкот, да овозможи учениците да се вратат на училиште, а своите барања да ги остварува во дијалог со надлежните институции.

Владата веќе понуди конкретно решение, а тоа е зголемување на платите во висина од 10 отсто, односно плати повисоки од 2.500 до 3.000 денари по вработен и тоа во време на криза.

Одбивањето на овој предлог е неконструктивно, прво, затоа што законските рокови за усогласување на платите од 6 месеци се уште не се истечени.

Второ, затоа што токму СДСМ во изминатите 4 години ги зголеми платите во образованието за 21% и токму оваа политичка опција е посветена на покачување на платите во сите сектори.

Истовремено значително се инвестираше во изградба, реконструкција и опремување на училишта и градинки. Се изградија голем број на училишни спортски сали, оваа учебна година опремивме 264 кабинети по природни науки и издвоивме 54 милиони денари за образовни асистенти кои веќе им се на располагање на децата со попреченост.

Да не заборавиме во ниту еден момент дека училиштата се за децата и улогата на сите чинители во тој процес е да обезбедат квалитетно и инклузивно образование за секое дете.
Го повикуваме раководството на СОНК да се врати на дијалогот, не само за покачување на платите, туку и за нов општ договор и нова методологија за постојан раст на платите во образованието и детската заштита.
Платите во образованието ќе се зголемат, ќе има нова методологија за постојан раст на платите, но наставата мора да продолжи.

Последни вести