fbpx

Спасова: СДСМ се грижи за стандардот на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ блокира

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеничката од СДСМ Љубица Спасова од собраниската говорница во текот расправата за предлог законот за задолжувањето кај Светска банка за финансирање на проектот за поврзување на локалните патишта, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ беа против ова законско решение и затоа граѓаните имаат право да ја знаат вистината.

Тоа е разликата меѓу СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ се грижи за стандардот на граѓаните и токму во периодот на здравствена економска криза дел од средства беа пренасочени за амортизација и справување со кризата, додека ВМРО-ДПМНЕ популистички го блокираа законот, заборавајќи дека таквите средства во нивно време место да дојдат кај граѓаните завршуваа во криминални проекти со вештачки надуени цени, за да завршат во нечии џебови, истакна Спасова.

Таа запраша како ВМРО-ДПМНЕ го правда ставот за блокирање току важен закон, кога во 21 век граѓаните во некои делови од државата одат по неасфалтирани улици.

Дали мислевте дека ќе глумите партиотизам, вие кои ја здолживте дражавата со пари од буџетот за белата палата, споменици, барокни фасади, галии, малку ви беа плацевите на Водно, сега продолжувате со плацеви во Делчево, порача Спасова.

Таа додаде дека заслугите ќе им припаднат на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои се најслаби градоначалници во историјата на оваа држава, кои веќе почнаа да се сликаат по улиците и овие проекти пред граѓаните да ги прикажуваа како нивни и тоа најуспешни проекти, што потврдува дека не се способни да направат ниту еден проект.

Граѓаните знаат чии се тие проекти, но не смеат да бидат запоставени од нас како влада затоа што нивните општини добиле такви градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, истакна Спасова.

Владата на СДСМ цврсто стои на ставот дека на граѓаните им е потребен развој и достоинствен живот за што ние максимално се залагаме, а деструкција и блокирање е ваш избори, но тоа нема да не спречи и поколеба, ние сме дале ветување и ќе работиме за граѓаните, а вие по наредба од Будимпешта пишувајте транспаренти, тропајте на маса, но добро е да знаете дека повеќе од половина од послушниците од Будимпешта се во Шутка, порача пратеничката од СДСМ Љубица Спасова од собраниската говорница.

Последни вести