Соопштение за јавност
Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во своето обраќање на 15иот Летен Камп на СДММ порача дека младите се двигател на промените, но и дека својата шанса не треба да ја чекаат туку да ја бараат.
„Вашиот слоган Акција сега е синомим за Акција секогаш затоа секогаш треба да сте активни, прогресивни, гласни за вашите потреби и идеи. Токму тоа ја издвојува СДММ од останатите партиски подмладоци“ порача Лукаревска.
Заменик претседателката Лукаревска истакна дека СДСМ како ниту една партија досега покажала колку го вреднува капацитетот на младите, но и на жените, преку нивно вклучување во процесот на одлучување но и при градењето мерки и политики.