fbpx

Зборот важи, просечната плата зголемена за 2 илјади денари, за прв пат дежавата враќа пари од ДДВ назад кај граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За првпат директно од Буџетот кај граѓаните се враќа дел од платениот Данок на додадена вредност.

Со поврат на 15 отсто од платеното ДДВ се обезбедува дополнителен приход на крајот од годината во секое домаќинство.

Во изминатите две години, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во април 2019 година изнесува 24 785 денари и е за 3.5% повисока во однос на април 2018 година.

Просечната плата за две години порасна за 2 илјади денари.

По години економска стагнација и осиромашување на граѓаните, за само две години економијата повторно расте и се развива, имаме вистинска,конкурентна и силна економија која создава шанса за сите.

Укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтината тарифа за струја, зголемувањето на социјалната помош до 300 отсто, намалувањето на трошоците за извршители и нотари ,како и намалувањето на казните за правни и физички лица до 75 отсто и повратот на ДДВ од 15 отсто се само дел од економските реформи и директен доказ за домаќинското и одговорно однесување на Владата предводена од СДСМ.

Зборот важи! Владата предводена од СДСМ ги враќа парите назад кај граѓаните.

 

Скопје, 22.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести