fbpx

Ристова: Буџетот за 2023 година обезбедува покачување на пензиите, на минималната плата и повеќе средства за општините

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеничката на СДСМ Лолита Ристова во своето обраќање од собраниската говорница, посветена на предлог буџетот за 2023 година истакна дека вкуните приходи се во износ од 282.милјарди денари, додека расходите на ниво од 324.милјарди денари.

Капиталните трошоци кои се проектирани да изнесуваат 48.9 милјарди денари кои ќе се финансираат од републичкиот буџет, ИПА фондови и заеми, рече Ристова, додавајќи дека од тековните расходи за исплата на плати проектирани се 34,9 милијарди денари каде е планирано усогласувањето со минималната плата во текот на следната година.

Ристова истакна дека во социјалните трансфери се планирани 75 милјарди за исплата на пензии, вклучително и усогласувањето на пензиите 2 пати во годината, како и 12.5 милјарди денари за исплата на надоместоци за социјална зашта, 1,5 милјарди денари за исплата на паричен надоместок во случај на невработеност и за активни мерки за вработување, како и 3,9 милијарди денари за здравствена заштита.

Пратеничка на СДСМ Лолита Ристова се осврна на развојните компоненти на буџетот, и на унапредувањето на фискалната децентрализација.

За програмата децентрализација се планирани средства во износ од 3,7 милјарди денари, што е зголемување за 43.7 проценти. Во 2022 овој процент е 4,5 отсто од ДДВ, додека за 2023 се планира да се зголеми на 5,5 отсто, наведе Ристова.

Говорејќи за развојот на општините Пратеничката Ристова, истакна дека се спроведуваат повеќе проекти меѓу кои ги издвои ЕУ Проектот за општините, за инивативен начин на решавање на проблемите во општините, со кој се слектирани проекти во општините Велес, Радовиш, Тетово, Аеродром, Врапчиште, Охрид, Струмица и градот Скопје.

За 2Л Проект за локални патишта има планирано 492 милиони денари, кој треба да е од огромен интерес за општините, а за кој подолг период од страна на опозицијата намаше интерес да продолжи, рече Ристова, додавајќи дека досега во добар дел од општините рехабилитирани се повеќе од 70 километри локални улици.

Ристова истакна дека во делот на водовод и канализација завршува Проект за водоснабдување и одведување на отпадни води , а за слична намена ќе се продолжи со Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините, а тука е и Проектот за сообрање и третман на отпадни води преку воспоставување на интегриран и одржлив систем.

За сите погоре споманти проекти и за многу други кои не се спомнати ВАЖНО е да се нагласи дека во пракса две третини од средствата на ЕУ за поддршка на државите се имплементираат на локално ниво. Колку подобро се организирани општините, толку подобро ќе се одвива процесот на апсорбција на средствата, а во пракса земјите што се поподготвени за реализација на ЕУ средствата, побрзо се движат во процесот на интеграција во Европската Унија, порача пратеничката на СДСМ Лолита Ристова.

Последни вести