Соопштение за јавност
Новата година Христијан Мицкоски ја започна исто како што ја заврши и тераше и минатата цела година. Мицкоски нема став за ниту едно важно државно или стратешко прашање, нема политичка понуда за граѓаните.
Само седи на страна, уплашен за својата фотелја во Белиот дворец и лелека за избори, целосно во заложништво на Левица и во сенка на Никола Груевски.
Јавните лелекања на Мицкоски, загрижен само за својата фотелја, нема да ги спречат реоформите ниту напредокот на земјата.
СДСМ продолжува со реформскиот курс, со економски политики за раст на платите и пензиите и заштита на стандардот на граѓаните, продолжува со инвестициите и со чекорите за полноправно членство во ЕУ.
Затоа Мицкоски во 2024 година го очекува 7-от и 8-от последователен пораз како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.