Ништо не се менува во ВМРО ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија која сака да биде и судија и обвинител и поротник и јавно да суди и пресудува без основа.
До таму отидоа ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски, ја обвинуваат светски реномираната американска компанија како Бехтел дека краде пари.
Мицкоски е ист како и неговиот ментор Никола Груевски, надоплнет со радикализам и докажување со политичката партија Левица.
ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на корупција и криминал, партијата која со судска пресуда е квалификувана како злосторничко здружение е против секоја стратешка одлука, против секој проект што е во интерес на граѓаните и затоа секојдневно пласира лаги за стратешкиот проект со автопатиштата Коридот 8 и 10 вреден 1.3 милијарди евра.