Финална победа!
Иднината на младите останува. Најчесто, оваа народна изрека ќе ја слушнете од некој помудар, повозрасен од вас. Сака да каже дека нели, повеќе живот генерално останува пред вас младите отколку пред нас постарите. Оттука, иднината е ваша. Но, честопати сениорите (во секоја професија и сфера на општеството) ја користат оваа изрека за да ги запрат амбициозните млади луѓе да не напредуваат и да не им ја земат позицијата. Но нејсе, ова не е ништо ново, напротив, оваа генерациска битка е нешто што било, е и ќе биде во иднина. Да се вратиме на суштината и почетокот.
Сега е време стандардната генерациска битка да стане генерациска поддршка. Ако велиме дека иднината на мнладите останува, а младите ја гледаат својата иднина во некоја друга држава, тогаш нашата држава нема иднина. Ако тие кои утре треба да градат бизнис, дом, семејство или кариера во Македонија, сакаат истото да го направат некаде во друга држава, тогаш, тоа е број 1 проблем за државата.
Јас мојата политилчка кариера ја започнав во СДММ – Социјалдемократската младина на Македонија. Беше тоа некаде 2009та година, кога режимот на Груевски земаше голем замав и почнуваше да ги покажува своите заби и канџи. Се активирав политички бидејќи многу мои блиски размислуваа за селење во странство, а други веќе се беа иселиле. Истражувањата велеа вон тоа време дека младите се селат за подобра иднина и перспектива.
Заедно со многу млади се боревме по улиците. Неуморно, другарски и храбро го срушивме режимот, со надеж за подобар студентскиу стандард, повисоки стипендии, вработувања за младите, средени студентски домови. Дел успеавме да реализираме, дел сеуште се реализира, дел не запреа бројните кризи, но ќе го исополниме во иднина.
И откако се воведе Младинска гаранција за вработување на младите, субвенциониуран студентски оброк, повисоки стипендии и откако дел од студентските домнови целосно се реновираа, сепак, добар дел од младите, сеуште сакаат да ја напуштат државата.
Истажувањата го кажуваат следново: Младите сакаат да си заминат поради немање перспектива. Младиот човек се повеќе бара стабилна иднина и сигурна држава. Се повеќе млади сакаат Европска Унија и нејзините вредности да дојдат тука, наместо тие да одат во Европската Унија. Стремежот е Европско образование тука. Европско владеење на правото, тука! Европски можности и вредности на слобода, демократија, правичност и правда тука, во нашата Македонија.
Се враќам тука на генерациската поддршка. Сегашните генерации сме сега должни да одиграме клучна улога и да го направиме финалниот чекор. Преку уставните измени имаме можност да го оствариме сонот на Делчев и Карев, но и на Питу и Циривири – Трена – Македонија да биде стабилна, безбедна и признаена држава.
Па зарем нема поголема чест да споделуваш исти идеали и цели со илинденците и асномците!? Ако нашите прабаби и прадедовци се бореле против османлиите или фашистите, сега нашата битка за младите, за иднината и за Македонија има друга форма. Ова е битка за иднината, за стабилност, за мир, за просперитет и економски напредок. Борба за правда, подобро образование, организирано здравство, повисоки плати и пензии, поубав живот за сите. Ова е борба за младите, кои нели велиме се нашата иднина. Значи, ова е борба за нашата заедничка иднина.
Се изборивме против османлиите, победивме против фашистите! Создадовме самостојна држава, ја внесовме во НАТО, добивме автокефалност на МПЦ ОА. Европска унија е заокружување на генерацискиот сон. Сега е поблиску од било кога претходно и зависи само од нас. Та и илинденците некој ги одвраќал и им велел дека “наведната глава сабја не ја сече”, а партизаните ги разубедувале дека фашистите победуваат и добро е да се приклучиме. Па и Глигоров, Црвенковски и Заев кога носеа државнички одкуки ги етикетираа како предавници, а сега сите признаваме колку денес значат нивните мудри чекори, во тоа време.
Историјата се повторува, а борбата продолжува. Еден мој најдобар другар, за жал прерано починат велеше: Секоја генерација си има своја борба, секое време си има свои херои. Сега е време херојско. Сега е време за финална победа за нашата иднина:
Како и во минатото, така и сега – Ќе победиме!