fbpx

Со Мицкоски и ДПМНЕ нема ЕУ ниту за 100 години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Јасно како ден е дека со Мицкоски и ДПМНЕ нема членство во ЕУ ниту за 100 години.

Мицкоски тоа јавно го потврди пред целата јавност, на телевизија, во интервју за 360 степени, велејќи „може да бидат и сто години“ а “можеби и никогаш да не биде“.

Кочењето на европскиот пат е на директна штета на граѓаните, на повисок стандард, поголеми плати, поголеми пензии, подобра иднина за младите.

Блокадите на ДПМНЕ и Левица на евроинтеграцијата се закана за иднината на државата и мора да бидат поразени.

На изборите ќе се соочат два политички блока, проевропскиот предводен од СДСМ и антиевропскиот предводен од ДПМНЕ и Левица.

Глас за проевропската коалиција предводена од СДСМ на претседателските и на парламентарните избори е глас членство во ЕУ, напредок и сигурна иднина.

Последни вести