Соопштение за јавност
11 годишното игнорирање на проблемот со аерозагадувањето од страна на ВМРО ДПМНЕ, остави зад себе наталожени проблеми со загадувањето на воздухот чии последици граѓаните ги чувствуваат денес.
Наспроти тој игнорантски однос, денес владата предводена од СДСМ заедно со надлежното министерство, општините, Град Скопје и сите надлежни институции, посветен работи на решавање на проблемот со загадувањето и заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.
Обезбедени се 527 прочистувачи за воздух коишто се поставуваат во сите училници во сите 23 средни училишта во Град Скопје. Со тоа, учениците ќе поминуваат барем една третина од денот во простории со прочистен воздух.
Значајното се зголемени средствата на буџетот за 2019 година на град Скопје за заштита на животната средина. Во наредната година од Буџетот на Град Скопје за заштита на животната средина предвидени се 186 милиони денари, што претставува зголемување за речиси една третина.
Бесплатните билети за автобуски превоз за сите ученици од средно образование, набавката на нови 40 еколошки автобуси, субвенциите за електрични и хибридни автомобили, субвенции за еколошки начини на загревање како печките на пелети, се само дел од мерките што се превземаат во борбата со загадувањето.
Преку реализација на мерките од Планот за чист воздух, Владата предводена од СДСМ заедно со надлежните институции на локално и национално ниво продолжува со акциите за поздрава животна средина кои имаат за цел да стават крај на проблемот со загадувањето.
Скопје, 18.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА