fbpx

Што им сметаат вработените во градинките и училиштата во Карпош на Мицкоски и ДПМНЕ?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Блокадите кои ДПМНЕ и Левица ги прават во општина Карпош целосно ја загрози работата на градинките, училиштата и администрацијата.

Со блокирањето на носењето на Буџетот на последната седница на Советот, ја блокираа и одлуката за времено финансирање.

Со ова ДПМНЕ и Левица по налог на Христијан Мицкоски ги оставија без плати вработените и тоа сред празници, а загрозено е и целото функционирање на општината.

Вработените во градинките, училиштата, администрацијата во Карпош, вработените кои се грижат да водоводите, хигиената, одржување на локалните институции не може да земат плата.

Дел од вработените протестираа пред општината затоа што се соочуваат за време на празници да останат беспари, да не можат да си ги платат сметките, ниту да одвојат средства за своите деца.

Тоа што го прават ДПМНЕ, Левица и Мицкоски не е политика, туку е предизвикување хаосот, пакост, злонамерно и нечовечно казнување на работниците и граѓаните поради лични хирови на Мицкоски.

Последни вести