fbpx

Ковачевски: Доколку ВМРО-ДПМНЕ реши да не гласа за техничката Влада тогаш нивните места треба да останат празни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност од одговор на новинарско прашање на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски

Доколку ВМРО-ДПМНЕ реши да не гласа за техничката Влада, тогаш сметам дека тие нивни места треба да останат празни, рече денеска во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

-Прво, кога се учествува во Влада тоа значи дека таа треба да се поддржи. Во светот не постои искуство и пример да политичка партија учествува во Влада а притоа да не ја поддржи таа Влада. Постојат пример во кои што политичка партија не учествува во Влада ама ја поддржува. Меѓутоа не постои пример да политичка партија земе учество во Влада а да не ја поддржи, да не ја гласа. Сметам дека ВМРО – ДПМНЕ согласно закон како и сите други политички партии што имаат министри во техничката Влада треба да ги даде своите кандидати и да гласа за таа Влада. Доколку реши да не гласа за таа Влада, тогаш сметам дека тие места треба да останат празни мандатарот да предложи Влада во која што тие места ќе бидат упразнети. Во моментот кога ВМРО – ДПМНЕ ќе реши да ја поддржи Владата, тогаш наредниот ден ќе може мандатарот да предложи и во истиот ден да се изгласаат министрите кои на нив им следуваат, рече Ковачевски.

-Ако Мицкоски работните обврски ги сфаќа да не се присуствува на седници на кои сте член, јас тоа не можам да го коментирам. Од нивниот пристап во собранието видовме дека тие беа дел од собранието во последните 4 години во кои единствено што правеа, блокираа. Доаѓаа за да блокираат, не за да работат. Владата е извршно тело во кое тие кои се членови на Влада мора да бидат ангажирани во текот на целиот ден за да може да ги сервисираат обврските кои ги имаат, додаде претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање.

Последни вести