fbpx

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ веќе не знае што зборува, реформите што се воведуваат го намалуваат јазот и сиромаштијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Дали антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски воопшто не се слуша што зборува?

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека бројката на сиромашни граѓани со која денеска ги лаже граѓаните, е податок од 2016 година, година кога ВМРО-ДПМНЕ се уште беше власт.

Токму погрешните економски и криминални политики што ги водеше ВМРО-ДПМНЕ го продлабочи јазот меѓу граѓаните и придонесе за зголемена сиромаштија.
Реформите што сега се спроведуваат ја намалуваат сиромаштијата.
Со воведувањето на прогресивниот данок ќе бидат опфатени само 1 осто од граѓаните, а истовремено, со мерката тоа би се слеале дополнителни 25 милиони евра во Буџетот со кои би се финансирале мерки за намалување на сиромаштијата.
Истовремено, социјалната помош се зголемува за 300 отсто , а се воведува и образовен и детски додаток за повеќе од 60.000 деца.

Со воведувањето на пензиско социјалните реформи конечно добаваме стабилен пензиски фонд и ставање под контрола на буџетскиот дефицит во ПИОМ кој за 10 години се зголемил за 150% отсто токму поради криминалниот однос на ВМРО-ДПМНЕ.
Владата предводена од СДСМ останува целосно посветена на праведно оданочување и подобрување на економскиот статус на најранливата група на граѓани.
Даночната реформа и пензиско социјалната реформа обезбедуваат фер и праведно општество за сите граѓани, колку и да е тоа неприфтливо за антинародното раководство на ВМРО ДПМНЕ.

 

Скопје, 07.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести