fbpx

Груевски со 20 милиони евра за Панорамско тркало сакаше да ги задоволи огромните криминални апетити, Мицкоски не може да го одбрани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Носителот на криминалот, Никола Груевски беше подготвен да потроши речиси 20 милиони евра пари на граѓаните, преку испумпување средства од јавни институции за да гради Панорамско тркало во Вардар.

За да се исполнат личните желби на Груевски, беше променет Деталниот урбаниистички план за да се гради Панорамско тркало чија единствена намена беше да се види криминалот во проектот Скопје 2014.

Покрај потрошените милиони со неговата изградба се загрози и природниот ток на Вардар како и еко-системот во реката.
Сепак, преку одговорен пристап, по демократските промени СДСМ ги рационализираше трошоците од овој штетен проект. Се донесе одлука наместо барокното панорамско тркало да се направи висечки пешачки мост кој ќе го ослободи течението на реката Вардар.

Криминалот, деструкцијата и расипништвото беа симбол на раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Груевски. Одбраната на криминалот на Груевски пак е суштина на делувањето на актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од пионот Христијан Мицкоски.

Пионот Мицкоски е продолжена рака на неговиот ментор и шеф, Никола Груевски.
Затоа антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против ЕУ и НАТО.
На антизападниот Мицкоски треба да му биде јасно дека не може да ги одбрани криминалите на неговиот ментор Груевски, ниту на неговите соработници.

Скопје, 04.11.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести