fbpx

Судбината на Груевски е иднината на Мицкоски, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да ги одбрани криминалите правда ќе има

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Единствената политичка агенда на антизападниот пион Христијан Мицкоски е амнестија на неговиот ментор и носител на криминалот и режимот, Никола Груевски.

Тоа вчеравечер го потврди и самиот Мицкоски кога се обидуваше со истите тези на Груевски да го одбрани криминалот на неговиот ментор.

Антизападниот Мицкоски призна за средбите со својот ментор Груевски и разговорите на заедничка тема – иднината на Никола Груевски.

Со тоа, Мицкоски уште еднаш покажа дека за него и за антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ иднината на Груевски е побитна отколку иднината на Македонија и нејзините граѓани.

Судбината на Груевски е иднината на Мицкоски.

Затоа Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ работат против интеграција во ЕУ и НАТО.

Таквите признанијана на Мицкоски се дополнителна причина за преостанатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да ја напуштат поразената матрица на Груевски и да ги поддржат процесите во Собранието што водат кон ЕУ и НАТО.

На актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ и на пионот Мицкоски треба да им е јасно дека не можат да ги одбранат криминалите на Груевски.

Правда ќе има.

Последни вести