fbpx

Ковачевски: ЕУ не беше секогаш фер, но тоа не значи дека треба да се откажеме како што заговара ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Свесен сум дека Европската Унија не беше секогаш фер кон Македонија, но тоа не значи дека треба да се откажеме од европската иднина како што заговара ДПМНЕ, рече вечерва претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Тетово.

Свесен сум исто како што сте и вие сте свесни дека Европската Унија не беше секогаш фер кон Македонија. Јас и лично ги доживеав тие неправди. Но, дали тоа значи дека треба да се откажеме како што заговара ДПМНЕ? Апсолутно НЕ. Ние во СДСМ никогаш нема да се откажеме од тој пат. Затоа што тоа е вистинскиот пат кон подобра иднина, рече Ковачевски.

Има политичари од опозицијата кои сметаат дека не треба да правиме ништо, да наведнеме глава и да се откажеме од европската иднина, додаде претседателот.

-Тоа се истите оние кои ветуваа бесплатен превоз во Скопје и не успеаја. Погледнете го хаосот во Скопје денеска и сетете се на нивните празни зборови и празни ветувања Сега, истите тие ветуваат сè на сите. А кога ќе ги прашате: „Како?“, немаат одговор, не знам ќе видиме, тоа велат. Христијан Мицкоски е ист како Никола Груевски. Едно знае да каже во Брисел, а сосема друго во Скопје. Мицкоски и ДПМНЕ не можат да ја придвижат државата кон ЕУ. Тие може само да ја оддалечат. И не само што ќе ја оддалечат, туку и Европската Унија ќе им е крива за нивниот неуспех. Веќе го гледавме овој филм. Цели 11 години. Со Мицкоски и ДПМНЕ државата ќе изгуби уште една деценија не правејќи ништо, исто како со Груевски. Тоа им е јасно на сите, потенцираше Ковачевски.

Нема лесни решенија за системските проблеми во нашата земја, со правилата на ЕУ можеме да го подобриме нашето општество и правосудниот систем, додаде тој.

-Само со правилата и надзорот на ЕУ можеме да ги подобриме и здравството, и образованието и правосудниот систем. Само со целосен пристап до пазарот на ЕУ, можеме значително да го подобриме квалитетот на живеење на нашите граѓани. Затоа е нашата борба за европска Македонија – за поголеми плати и пензии, за подобра економија, за подобар животен стандард.

Последни вести