Соопштение за јавност
Над 19 илјади вработени во здравствените установи добиваат покачување на платите за 5 отсто со исплата на септемвриската плата со што се реализира уште една мерка од Прогrамата за работа Владата предводена од СДСМ.
Поконкретно, зголемувањето од 5 отсто претставува зголемување на основицата за прeсметување на плата за вработените во ЈЗУ од 12.654 денари на 13.286 денари.
Со зголемувањето на надоместокот за прекувремена работа, дежурство и ноќен труд, како и зголемувањето на платите од септември уште еднаш се потврдуваат заложбите на Владата предводена од СДСМ за поквалитетни здравствени услуги за пациентите и реално вреднување на трудот на лекарите и здравствените работници како и заложбата за задржување на здравствените работници во јавното здравство.
Воедно, Владата предводена од СДСМ останува на зацртаните цели кои вклучуваат поквалитетно здравство и здравствени услуги, осовременување на медицинската опрема, подобрување на инфраструктурата во јавните здравствени установи. Таквиот процес, дополнително ќе се интензивира со влезот на Македонија во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ кога се отвораат можности заразмена на знаења, усовршувања на медицинскиот персонал и воведување на нови, современи технологии.
Унапредувањето на здравството и здравствените услуги останува од главен приоритет на Владата предводена од СДСМ.
Скопје, 24.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА