fbpx

Мицкоски не може да понуди ништо освен oцрнување, клевети и враќање назад, одбраната на криминалот е неговото единствено делување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Целото политичко делување на Христијан Мицкоски се заснова на одбрана на криминалот и следење на поразените политики на неговиот претходник Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат никаква идеа, ниту план и програма, освен неосновано, лично да го оцрнуваат и клеветат Зоран Заев.

Мицкоски е единствениот политичар кој сопственото обраќање на митинг бил приморан да си го дообјаснува на интервју, по неговото одржување.

Мицкоски не само што не се извини за сите зла што ВМРО-ДПМНЕ им ги нанесе на граѓаните за 11 години владеење и пустошот што го направи на Македонија, туку станува промотор на погубните политики на Груевски, што беа силно поразени од граѓаните.

Скопје, 04.06.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести