fbpx

Во ВМРО-ДПМНЕ не може да се помират што се разобличуваат нивните монтирани случаи, никој не може да ја спречи правдата!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ партијата што 11 години го урнисуваше судството, вршеше притисоци и ја зароби државата не може да се помири со тоа што се разобличуваат монтираните судски предмети што токму таа партија ги нарачуваше.

Со секое ново рочиште се повеќе се открива дека таканаречениот случај Поткуп е уште еден од многуте обиди на режимската власт на ВМРО-ДПМНЕ за прогон на политички противници и неистомисленици.

ВМРО-ДПМНЕ, единствената партија во Европа чиешто претходно раководство е обвинето за злосторничко здружување, не може да разбере дека времето на нарачани судски процеси, на криминално и коруптивно однесување на власта, заврши со нивното заминување во опозиција.
Македонија денес е правна држава и никој не може да застане на патот на вистината и правдата. Низ отворени и транспарентни судски процедури ќе се докаже вистината за монтираните судски процеси на ВМРО-ДПМНЕ и секој кој е вмешан во тоа ќе понесе одговорност.

Скопје, 07.05.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести