fbpx

ВМРО-ДПМНЕ создаваше непријателска атмосфера меѓу земјоделците и откупувачите, надлежното министерство го следи откупот на зелка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за состојбите во земјоделството бидејќи за време на нивното 11 годишно владеење го погазија достоинството на земјоделците, го уназадија земјоделството, а преку погубните политики се создаваше непријателски однос меѓу земјоделците и откупувачите.

За разлика од таквиот однос, Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство градат партнерски однос со земјоделците и откупувачите во сите гранки на земјоделството во насока да се создаде цврсто договорно производство.

Според јавно достапните информации, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги исполни барањата на производителите на зелка, откупната цена до празникот Велигден да биде 20 денари. Исто така, претставници на Министерството активно го следат откупот на зелка и се во постојана комуникација со производителите и откупувачите, а истовремено се работи на изнаоѓање решенија за непречен пласман и извоз не само за зелката туку и за другите земјоделските производи во текот на целата година.

Времето на притисоци, закани и понижувања на земјоделците заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозицијата. Владата предводена од СДСМ и надлежните државни институции градат партнерство со земјоделците и активно работат на развој и унапредување на земјоделството.

 

Скопје, 20.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести