Соопштение за јавност
Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во чест на најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, г-дин Киро Стојанов, до граѓаните од католичка вероисповед и сите други кои го празнуваат денешниот ден.
„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име, Ви го честитам големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.
Пожелувам добро здравје, мир, семејна харомонија, лична и колективна благосостојба.
На овој голем христијански празник, кога ја славиме победатата над неправдата, на раѓањето на новиот почеток, остануваме силно посветени на духовните вредности што не движат напред.
Преку меѓусебно почитување и разбирање да продолжиме да ги градиме вредностите на мир, соработка и толеранција. Само на тој начин, заеднички ќе изградиме поубаво општество за сите граѓани.
Среќен празник“.
Скопје, 01.04.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА