fbpx

Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ ја доведоа во прашање работата на Детската Клиника Козле после 40 години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

Функционирањето на единствениот Оддел за бронхоскопија во државата, кој се наоѓа тука во Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“, е доведено во прашање после 40 години.

Само поради непромислените и погубни одлуки на новата директорка, Каролина Симоновска, кадар на ВМРО ДПМНЕ.

Врвни специјализирани доктори за бронхоскопија, водејќи се од морална и етичка свест, си дадоа оставки поради одлуката на директорката Симоновска да не дозволи набавка на потребните материјали, апаратчињата „баскет“, во потребниот број.

Дополнително, шест члена од новиот тим за бронхоскопија, исто така поднеле барање до директорката Симоновска да бидат изземни од извршување на работата.

Апаратчињата „баскет“ се неопходни за извршување на интервенциите за безбедно вадење на залетнат предмет во дишните патишта кај малите деца.

Симоновска сакала да го раскине и договорот со анестезиолозите.

Директорката Симоновска треба да одговори, дали се точни информациите дека вработените на клиниката трпат мобинг?

Дали е тоа е уште една од причините за распад на овој оддел кој работи над 40 години?

Во моментов на одделот за бронхоскопија нема ниту тум, ниту материјал, што го става под директен ризик здравјето и животот на децата на кои ќе им е потребна ваква интервенција.

Директорке Симоновска, да Ве потсетиме, Вие пред сѐ сте доктор кој положил заклетва, кој се обврзал дека ќе се грижи за здравјето на граѓаните. Во ваши раце е здравјето на нашите најмили.

Клиниката „Козле“, не е ниту приватна фирма, ниту партија! Здравјето на децата нема цена и нема партиска припадност !

Вашите одлуки се тотално неодговорни и опасни по здравјето на децата и треба да бидат променети!

Бараме кадрите на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да ја вратат во функција детската клиника Козле и директорката да понесе одговорност.

Линк до видео:

Последни вести