Соопштение за јавност
Наместо да се повлече од скратената постапка за носење на коруптивниот Закон за кредит и да отвори јавна расправа, во редовна и транспарентна процедура, власта на Мицкоски го турка по секоја цена.
За денеска е закажана седница на Комисијата за финансисрање и буџет од страна на претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Нема редовна постапка, нема експертска дебата, нема информирање на граѓаните и поминување на сите собраниски филтри. Власта сака набрзина да го истурка скандалозниот и коруптивен Закон договорен во четири очи уште во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција.
Што сака да сокрие власта на Мицкоски за задолжувањето од 500 милиони евра?
Корупцијата којашто ја подготвиле и ја договориле, заедо со провизиите и скриените трошоци.
Законот изобилува со нелогичности, недоречености и многу непознаници, нема јасни критериуми и механизми за распределба на позајмените пари, нема јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите.
Мицкоски едно зборува во говорите а друго прави. Со оваа власт нема ниту правна држава, ниту транспрентност, ниту отченост, ниту отвореност. Се враќа начинот на владеење како пред 2016 година.
Мицкоски си испиша корупција на чело.