Соопштение за јавност
За време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните беа постојано осиромашувани за да се богатат Никола Груевски и неговите соработници. Таквото време на осиромашување и задолжување на граѓаните за богатење на поединци од ВМРО-ДПМНЕ заврши кога граѓаните избраа нови одговорни власти предводени од СДСМ.
Владата предводена од СДСМ, со низа мерки, парите ги насочува кон граѓаните и создава можности за зголемување на платите.
Зголемена е минималната плата на 12.000 денари и тоа важи за работниците во сите стопански гранки. Се создаваат услови за зголемување на платите и за вработените во здравството, образованието, АРМ, градинките и со тоа се отвора спиралата на пораст на платите во Република Македонија.
СДСМ преку Владата што ја предводи, продолжува отчетно, одговорно и транспарентно да ги спроведува зацртаните мерки што носат повисоки плати, пензии, подобар животен стандард, нови работни места и квалитетен живот за сите во Македонија.
Скопје, 04.11.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА