Соопштение за јавност
Почитувани,
Водејќи се од воспоставениот принцип на отчетност, одговорност и транспарентност, ја инфомираме јавноста дека за време на кампањата за двата круга на локалните избори, коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се рекламираше на повеќе национални, регионални и локални телевизии.
Во рамки на платената политичка програма, на националните телевизии, СДСМ и коалицијата застапена е со:
Вкупно 49.899 секунди платена политичка програма во двата изборни круга на Телевизија 24, што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот би изнесувало:73.602 евра.
Вкупно 35.463 секунди во двата изборни круга на Канал 5 што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот би изнесувало: 106.389 евра.
Вкупно 32.974 секунди во двата круга на Телевизија Сител, што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот би изнесувало: 155.637 евра.
Вкупно 27.447 секунди платена политичка прорама во двата изборни круга на Телевизија Алсат М, што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот, би изнесувало: 71.249 евра.
Вкупно 19.825 секунди платена политичка програма во двата круга на Телевизија Телма, што во вкупен износ, согласно објавениот ценовник на медиумиот, би изнесувало: 93.578 евра.
СДСМ и коалицијата се рекламираше и на неколку регионални и локални телевиизии, радио станици, интернет портали и печатени медиуми.
Напоменуваме дека информациите што се појавија во одредени медиуми околу издвоените средства за медиумско рекламирање на СДСМ во предизборната кампања се однесуваат на доспеани и платени фактури до периодот за којшто се однесува поднесениот финансиски извештај доставен согласно законските прописи.
Вкупните трошоци за време на кампањата како и за платената политичка програма, согласно законот, ќе бидат наведени во финанскиот извештај којшто ќе го опфаќа целиот период, до завршување на кампањата односно до затворање на сметката.
Во сличен сооднос СДСМ и коалицијата емитуваше платена политичка програма на националните, регионалните и локалните телевизии, како и на радијата, интернет порталите и печатените медиуми и за време на последните парламентарни избори во 2016 година .
Со почит,
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА