fbpx

Годините на криминално владеење на Груевски завршија, Владата предводена од СДСМ ги отвора евро-атлантските перспективи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

11-те години власт на ВМРО-ДПМНЕ под водство на Никола Груевски ќе бидат запаметени единствено како години на криминал, корупција, сиромаштија и масовно иселување на работоспособното население надвор од државата.

Катастрофата што ова криминално раководство на ВМРО-ДПМНЕ и ја направи на Македонија е најголемиот антидржавнички чин во современата историја. Погубните политики во владеењето на Груевски и неговите соработници резултира со меѓународна изолација, партизирано судство, криминални тендери, урнисани државни институции и огромно незаконско богатење на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за скоро 11 години владеење имаа неброени шанси да направат нешто добро за граѓаните и државата. Но наместо тоа, Груевски и соработниците беа единстевните кои правеа се да ја осиромашат, изолираат и уназадат државата, додека во меѓувреме криминално се богатеа.

Мнозинството граѓани одлучи дека Груевски е минато. Затоа, потребно е чесните членови, пратеници и активисти на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон демократизацијата и да започнат внтарепартиски реформски процеси и да се оградат од ретроградните, насилните и антидржавнички политики на Груевски. Тоа е добро и за државата, за демократијата но и за самото ВМРО-ДПМНЕ кое треба да биде конструктивна опозиција која активно ќе учествува во реформските процеси кои носат добро за сите.

Граѓаните навистина ќе ја увидат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. СДСМ преку новата Влада што ја предводи ќе ги санира штетите од владеењето на Груевски, ќе ги врати правдата, економскиот напредок и животот и ќе ги отвори евро-атлантските перспективи.

 

Скопје, 17.06.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести