Соопштение за јавност
Граѓаните да бидат спокојни во овие празнични денови. Многу брзо во Македонија ќе се живее во демократија, слобода, еднаквост, вредностите што граѓаните ги избраа на последните избори.
Насилничката реторика, заканите и криминалите ќе бидат заменети со квалитетен живот за сите и правда.
Мнозинството граѓани се одлучија за заедништво и интеграција, а не поделеност и изолација.
Унитарна Македонија ќе биде современа држава, во чекор со демократскиот свет, општество на сите граѓани, наместо на една фамилија.
Тоа е единстевниот вистински пат по кој мора да се движи државата и тоа ќе се случи, бидејки е мнозинска волја на граѓаните.
Новото парламентарно мнозинство е должно тоа да им го обезбеди на ѓраганите што ги претставува во Парламентот.
И мнозинската волја ќе се испочитува.
Многу скоро ќе се избере нов претседател на Собранието и нова реформска влада, согласно Уставот и законите на Република Македонија.
Скопје 15.04.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА