fbpx

СДСМ Велес: Најостро ги осудуваме навредите на ликот и делото на Рацин од лицето Цветин Чилиманов

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од Велес најостро ги осудува скандалозните навреди на ликот и делото на македонскиот поет и револуционер Коста Солев Рацин, од страна на лицето Цветин Чилиманов.

Ова лице кому власта во заминување му овозможи да биде дел од институцијата Претседател на Република Македонија, денес е задолжено да шири омраза и нетрпеливост низ социјалните мрежи и медиумите.

Рациновите дела се плод на патриотизмот и копнежот за еднаквост, напредок и слобода, вредности што постојано се погазувани од страна на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Обидите на криминалците на власт и нивните соработници да го дефокусираат вниманието на јавноста од правдата и незапирливите промени во општеството нема да успеат.
Тие промени, освен економска обнова на нашата земја, значат и рехабилитација на културните и моралните вредности во општеството.

Во Македонија ќе се живее достоинствено и со достојна почит ќе бидат заштитени и чествувани сите историски, книжевни, традиционални личности и дела кои оставиле неизбришлив печат на културниот идентитет, како што е големиот поет и револуционер Кочо Рацин.

 

18.02.2017
Општинска Организација на СДСМ Велес

 

Последни вести