Соопштение за јавност
Граѓаните ќе се чувствуваат безбедни во населбите во кои живеат. Ќе имаат свој пријател заштитник. Тоа ќе биде маалскиот полицаец. Никој да не се чувствува сам кога му е најпотребна помош.
Присуството на полицаецот позорникар во населените места е да се спречат насилства, кражби по домовите, нарушувања на јавниот ред и мир, како и други општествени девијантни појави.
Младите и тинејџерите нема како до сега во страв да се враќаат дома од тоа што може да им се случи во доцните часови. Граганите поспокојно ќе спијат, затоа што имаат кому да се обратат во секое време.
Полицијата ќе ги штити граѓаните и ќе биде нивен прв заштитник.
Наш приоритет е безбедноста на граѓаните.
Потребна е нова, одговорна Влада којашто ќе спроведува реални политики во интерес на сите граѓани.
Од оваа година го создаваме животот што заедно го избравме!
Скопје, 17.02.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА