Соопштение за јавност
Македонија под власта на Никола Груевски стана неслободна земја. Во последниот извештај на Фридом хаус за слободата на печатот од 2016 година, Македонија забележа дополнителен пад на листата и од групата делумно слободни влезе во групата неслободни земји. Македонија во оваа група е единствена од земјите во соседството.
Како што стои во извештајот, тоа е бидејќи на виделина излегоа скандалозните информации за масовното и нелегално прислушување новинари од страна на владата, корупциските врски меѓу функционери и сопственици на медиуми, како и зголемените закани и напади врз медиумски работници.
Македонија под власта на Груевски падна и на листата на Репортери без граници каде од 34 место во 2013 година стигнавме до 118 место од вкупно 180 земји.
Груевски ги затвораше медиумите кои одбиваа да му бидат послушни, а ги корумпираше послушните медиуми и потоа кај нив порачуваше прилози и текстови.
Граѓаните на 11 декември имаат можност да го променат ова со својот глас. Доколку сакате слободни медиуми и слободна Македонија, изберете го Планот за живот во Македонија.
Скопје, 21.11.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА