Филипче: Пет години Мицкоски и неговата криминална група ширеа лаги за мене, ме нарекуваа убиец – обвинителството ја кажа вистината

Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче Вчера обвинителството донесе одлука дека го затвора предметот за набавката на модуларните болници. На почеток сакам да кажам, дека страшно жалам за загубените животи, за луѓето кои таму загинаа и сочувствувам со семејствата. И тоа така ќе биде секогаш. Јасно кажа, обвинителството нема злоупотреба на службената […]

Професорот Апасиев и неговиот “Спутник 2“ – во служба на мајка Русија и татко Мицкоски

Соопштение за јавност Срамота е за еден универзитетски професор. Голема срамота за она што го претставува, без разлика на неговите материјални убедувања, да ја стави „мајка Русија“ пред Македонија како татковина. Уште посрамотно е кога истиот човек за свој колега професор изјавува дека е „убиец“. Транспарентот „НАТО е убиец“ веќе го видовме. Денес е јасно […]

Каде е целиот извештај за водата во Гостивар?

Соопштение за јавност Со недели СДСМ бара а Владата одбива да објави официјален и целосен извештај за квалитетот и безбедноста на водата во Гостивар. Каде е целиот извештај за водата во Гостивар? Клековски објави само четвртина. Делче само. За останатото, граѓаните ги упати кај ЦУК, кај АХВ и кај „Комуналец“. Ако сакате да знаете што […]

Сериозна држава со празен фрижидер и нов авион

Соопштение за јавност Третата економија во Европа нема за плата, има за авион. Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, кажа што е приоритет на оваа власт: мора да имаме владин авион ако сакаме да бидеме сериозна држава. Идејата не е повлечена. Не е пропадната. Само е одложена. Парите се оставени. Купувањето чека. Сериозна држава, според нив, […]

Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Соопштение за јавност Христијан Мицкоски повторно ги стави изборите во оптек. Прво рече дека граѓаните не сакаат предвремени избори. Потоа рече дека ако опозицијата побара, нема да седи како кукавица, ќе прифати и ќе победи. Тоа не е став. Тоа е монтажа. Самиот си ја пишува понудата. Самиот си ја чека нарачката. Вучиќ најави избори. […]

Филипче: Пет починати од западнонилска треска – тотален дебакл и неспособност на власта

Соопштение за јавност Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, нагласи дека ексалирањето на кризата со вирусот западно-нилска треска во Скопје е директна последица на импровизаторското и неспособно менаџирање на кризата од страна на власта на ВМРО. Филипче посочи дека има низа недоследности и некоординираност со кризата, како и ненавремено преземање на соодветни мерки за заштита […]

Филипче: СДСМ ќе предложи 40% повисоки плати за лекарите, минимална плата од 600 евра и зголемување на платите во образованието

Соопштение за јавност Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ ќе побара зголемување на платите во повеќе сектори, со посебен фокус на здравството и образованието. Филипче порача дека основните плати на специјалистите и лекарите во здравството треба да се зголемат за 40 проценти, по примерот на мерките што СДСМ ги […]

Филипче: Мицкоски им се обраќа на граѓаните со потсмев и потценување

Соопштение за јавност Наместо да понуди резултати и подобар животен стандард, премиерот Мицкоски продолжува да им се обраќа на граѓаните со потсмев и потценување, па и со статистички пресметки кои немаат допир со секојдневниот живот на граѓаните. „Премиерот Христијан Мицкоски продолжува да се однесува и да им се обраќа на граѓаните со потсмев и со […]

Филипче: Пиперката 50 денари, Вранецот 28, Смедеревката 25 денари – земјоделците мора да добијат достоинствена цена

Соопштение за јавност Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека нема сектор во земјоделството од кој земјоделците не реагираат и не бараат поддршка од власта, но наместо решенија, тие не добиваат ништо. Филипче посочи дека власта ги остава земјоделците сами да се справуваат со зголемените трошоци и со ниските откупни цени, иако земјоделците со […]

Филипче: Објавете ги резултатите за водата во Гостивар – зошто ги криете од јавноста?

Соопштение за јавност Власта веднаш да ги објави резултатите од анализите за водата во Гостивар и јавно да покаже дали таа конечно е безбедна за пиење, побара претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче рече дека начинот на кој власта ја менаџира кризата е импровизаторски и дека по сите противречни информации досега, […]